Search

(Фото) Шехеразад и Сулејман слават единаесет години брак

Брачната двојка Халит Ергенц и Бергизар Корел, кои ја освоија локалната публика со своите улоги во „1001 ноќ“, а после тоа и во Сулејман Величествениот, прославија единаесет години брак заедно со своите синови и блиски пријатели.

Популарната турска актерка ги искористи социјалните медиуми за да му честита на својот сопруг за годишнината, објавувајќи фотографија од нив заедно и цитирајќи ја неговата поезија.

Калид и Бергузар се заљубиле пред 13 години, на сетот на серијата „Илјада и една ноќ“, а актерот ја напуштил тогашната бремена сопруга Гизем Сојсалди поради Бергузар.

https://www.instagram.com/p/CDmRCB_p7lo/

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави