Search

(Фото) Цеца е конечно „вљубена до уши“: Фолк дивата има љубовна врска со помлад угостител! 

Пејачката Светлана Цеца Разнатовиќ (46), деновиве стана мета на српските медиуми, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од нејзиниот нов партнер.  Најголемата балканска ѕвезда наводно е во љубовна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград.

Кога е Цеца во прашање, станува збор за вистинска ексклузивност, особено ако се знае дека таа ретко открива детали од својот приватен живот.

Според зборовите на извори блиски до вљубената двојка, запознавањето се случило на една роденденска забава на нејзина пријателка.  Потоа преку заедничкиот пријател се виделе уште неколку пати, каде што и се родиле симпатии и после неколку недели дружење, започнале романтична љубовна врска.

Од Нова година почнале да се појавуваат и заедно во јавноста, за што сведочат и папарацо фотографиите направени во еден ресторан, но пред тоа парот е виден и на Јахорина…

Instagram

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави