Search

(ФОТО) Уште еден ракометен клуб од Македонија пријави два случаи на коронавирус

Ракометната Федерација на Македонија ја суспендираше Групата А во Суперлигата поради позитивните корона случаи во Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга, а оваа вечер пристигна информација дека коронавирусот влегол во уште еден тим.

Станува збор за ГРК Охрид, клуб кој преку своето официјално гласило на социјалните мрежи соопшти дека два члена се позитивни на КОВИД 19.

– Сакаме да информираме дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба. Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

– До сите клубови апелираме да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции.

Со оглед на тоа што и Охрид е тим кој се натпреварува во групата А, за очекување е да продолжат натпреварите во Групата Б, без оглед на големите проблеми кои ги прави коронавирусот во мак ракометот на стартот на новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави