Search

(Фото) Тешка сообраќајка кај Стримница

Тешка сообраќајна незгода се случила на локалниот пат Тетово-Стримница, јавува „Алсат-М“.

Во сообраќајката учествувале две возила, а една жена, со тешки повреди на градниот кош и ногата, е однесена во тетовската Клиничка болница, од каде пак, информираа дека поради сериозноста на повредите, е пренесена во Скопје.

Според  првичните информации од СВР Тетово, се сомнева дека несреќата настанала поради неприлагодена брзина на едно од возилата.

Треба да знаете
Последни објави