Тешка сообраќајка се случила вечерва во населбата Бутел, дознава 24 Инфо. Сообраќајката се случила на булаварот Босна и Херцеговина, а се судриле два автомобила. Според очевидци, во сообраќајката има повредени. Од МВР засега нема информации за сообраќајната несреќа.