Search

(Фото) Спасувачките екипи на ДЗС тргнаа кон Албанија

Спасувачките тимови на Дирекцијата за заштита и спасување попладнево тргнаа кон Албанија.

Специјализираните тимови за спасување со комплетна опрема тргнаа кон Драч и Туман, каде ќе учествуваат во операциите за извлекување и спасување на настраданите под урнатините во силниот земјотрес кој утрово ја погоди Албанија.

– Кон Албанија тргнаа 32 припадници на Дирекцијата од специјализирните тимови за спасување од целата држава со целосна опрема неопходна за мисијата и четири теренски возила и две противпожарни возила. На тимовите на ДЗС им се приклучени и припадници на МВР од К9 единициата со две кучиња специјално обучени да трагаат по преживеани и четири лица од Црвениот Крст на РСМ – велат од Дирекцијата

Припадниците на ДЗС кои заминаа за Албанија се мотивирани и подготвени за мисијата и се надеваат дека ќе успеат да спасат колку што може повеќе животи.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,  Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

Треба да знаете
Последни објави