Search

(Фото) Сопругата на Жељко Јоксимовиќ и нејзиниот колега избркани од работа: Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ добија „шут карта“ од ТВ Прва

Водителскиот тандем Срѓан Предојевиќ – Јована Јоксимовиќ, не се повеќе на ТВ „Прва“. Иако водителот Срѓан Предојевиќ на својот Инстаграм профил објави дека ќе ја води утринската програма со Јована Јоксимовиќ, денес, понеделник, 21 септември, тоа не беше случај. Како што пишуваат српските медиуми, тој дури и добил забрана за влез во ТВ Прва.

Сега следуваше официјалното соопштение:
Телевизијата „Прва“ реши да ја прекине соработката со Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ поради непочитување на работните обврски – објавено е на Инстаграм профилот „Утро на Прва“.

Имено, како што објави телевизијата „Прва“ на својата веб-страница, Филип Чукановиќ беше водител, а утрово тој со насмевка ги поздрави гледачите и објави што може да очекува милионската публика во продолжението на утринската програма на „Прва“…

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави