Search

(Фото) „Смарт“ удри во дете во Кисела Вода

Дете било удрено од автомобил, утрово во Кисела Вода, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила на улицата Христо Татарчев, веднаш по новиот кружен тек кај последната станица на автобусот бр. 24.

Според очевидците, во желбата да ја премине улицата на необележан премин, детето налетало на автомобил „смарт“ кој не можел да запре и удрило во пешакот.

По незгодата детето веднаш со друг автомобил е префрлено во една од скопските болници.

Треба да знаете
Последни објави