Славната пејачка Бритни Спирс ужива на плажа со своето згодно момче Сем Асгари кој има има само 25 години, за разлика од 37 годишната пејачка.

Папараците ги уловија како ја реконструираат сцената од филмот „Титаник“ на луксузна јахта на која беа сами.

Пејачката носеше жолто-црно бикини покажувајќи ја совршената фигура, додека нејзиното момче не се одвојуваше од нејзините совршени атрибути.

Славната пејачка инаку прави пауза од музичката кариера и се грижи за своето ментално здравје, а откако излезе од психијатриска болница нејзиното момче и дава голема поддршка.