Search

(Фото) Се преврте „пежо“ во тетово, возачот повреден

Тешка собраќајна несреќа се случила доцна синоќа во Тетово, блиску до зелениот пазар на градот.

Возило од типот “Пежо”, со тетовски регистарски таблички, од засега непознати причини се превртело, а се претпоставува дека причината за тоа е големата брзина. При тоа е повредено едно лице, кое итно било префрлено во Клиничката болница во Тетово, јавува ТетоваСот.

Командирот на пожарникарната единица во Тетово, Ука Алити, за истиот медиум потврди дека едно лице е повредено. На местото на настанот излегоа полициските и противпожарните единици.

Треба да знаете
Последни објави