Search

ФОТО: Светот се гордее со неа: Полицајка доеше запуштено бебе, по што беше повикана кај министерот

Фотографија на која полицајка дои запуштено бебе во полициска станица го обиколи светот, а аргентинската полиција објави дека е горда на својата службеничка.

Полицајката Селеста Ајала која била на должност во текот на ноќта, одлучила да дои запуштено и гладно бебе, по што била наградена со поголем чин, но и доби голем број на пофалби на нејзина адреса. Таа видела дека болничарите и докторите имале многу работа во моментот дури била на дежурство во една од аргентинските болници, па прашала дали може таа лично да помогне со тоа што ќе го нахрани малото бебенце кое било неухрането и запуштено.

– Приметив дека бебето е запуштено, гладно, цело време ја гураше раката во својата уста и ги цуцаше своите прстиња. Ме фати жал, по што прашав дали можам да го гушнал и да го нахранам. Тоа беше навистина тажен момент за мене, ми се скрши срцето додека ја гледав таа состојба. Ова едноставно не смее да се случува, не смееме да дозволиме како општество ова да ни се случува, вели полицајката Ајала за тамошните медиуми.

Фотографијата на која полицајката го дои малото бебе во детската болница ја објавил нејзиниот колега Маркус Хереида.

Фото

– Сакам да го покажам овој вистински пример за љубов, грижа и човечност на мојата колешка кон ова мало бебе, кое беше запуштено и гладно во болницата. Ајала го гледаше детето како свое и постапи кон него како мајка. Не и беше грижа што детето не е бањато и што буквално е донесено од улица. Секоја чест, напиша нејзиниот колега.

Кристијан Ритондо кој е министер за безбедност ја објавил оваа прекрасна вест на својот Твитер со фотографија на која се наоѓаат тој и хуманата полицајка Ајала. Тоа е полицијата на која сме горди, тоа е полицијата која секој ја посакува, напишал тој и додал дека се гордее со Ајала.

Треба да знаете
Последни објави