Search

(фото) Рекорден број на посетители, вчера Скопје беше весело и разиграно!

Рекорден број на посетители, вчера Скопје беше весело и разиграно!

Вчера Скопје беше весело и разиграно! Во Градскиот парк под отворено небо, пред рекорден број на посетители се одржа големиот музичкиот спектакл „Квин симфони шоу!“.

Познатиот „QUEEN REAL TRIBUTE“ бенд заедно со Македонската филхармонија и хорот на Македонската опера и балет, ги изведоа најголемите хитови на легендарната група Queen, еден од најпознатите и највлијателните бендови на сите времиња.

На концертот организиран од Градоначалникот Шилегов и Град Скопје присуствуваа и градоначалници од регионот, како и голем број претставници од владата.

Голема благодарност на скопјани кои со масовното присуство придонесоа овој настан да биде вистински светски спектакл!

Треба да знаете
Последни објави