Search

(ФОТО) Пратеникот Мухамед Зеќири стана татко – доби ќерка

-Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка-напиша пред малку на социјалните мрежи пратеникот Мухамед Зеќири , споделувајќи ја радосната вест со своите пријатели и јавноста.

„На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г.
Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!!
Амин“- стои во Фејсбук објавата на пратеникот.

https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10159818576374466

Зеќири кој доаѓа од редовите на владеачката СДСМ, во ноември минатата година стапи во брак со поранешната директорка на ТВ Алсат М, Бисера Јордановска.

Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева.

Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак.Мухамед Зеќири (р. 10 март 1979 во Скопје) — македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата.

Треба да знаете
Последни објави