Search

(Фото) По автобуската несреќа кај Ниш, пуштени 14 лица со лесни повреди

По автобуската несреќа кај Ниш, пуштени 14 лица со лесни повреди

Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Екипи за спасување стигнале од Ниш и Лесковац. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.

Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.

14 лица биле пуштени со лесни повреди, јави РТС.

Треба да знаете
Последни објави