Search

(Фото) Порака за ќерката на Ерос Рамацоти: „Родителите убави а ти грда“ – Не им останала должна!

На социјалните мрежи на ќерката на Ерос Рамацоти и Мишел Хунзикер и порачале: „Мајка ти е толку убава, а татко ти е убав, сестрите и браќата се преубави, а ти си многу грда“.
Аурора Рамакоти има 23. години и досега учествувала на италијанскиот „Икс Фактор“, а пред две години заедно со нејзината мајка го водеше шоуто „Vuoi scommettere“.
Таа е многу активна на социјалните мрежи. Само на Инстаграм има два милиони следбеници, па меѓу нив биле и оние кои редовно ја опсипуваат со навреди. По пораката што ја добила дека е грда иако има прекрасни родители, Аурора не молчела.
„Дали е подобро да се биде грд однадвор или одвнатре?“, одговорила Аурора, која се залага за „позитивност на телото“ и која неодамна ја објави својата фотографија без филтер, бидејќи „совршенството не само што не постои, туку не е ни убаво“.
„Потребна е храброст да се објави ваква фотографија, во оригинал. Особено за некој кој отсекогаш имал проблем со несигурност, тежина, мозолчиња. Имаме платформа каде се издвојувате ако изгледате како човечко суштество затоа што стана чудно. Сите сме убави, славни, среќни и исполнети. Секако, одлично е кога се дели убавината и би било уште повеќе ако не би бил извртен свет во кој секој се натпреварува со секого. Јас исто така имам улога да играм во тоа, но се обидувам секогаш да го задржам тој дел од вистината, инаку не би била искрена со себе. На крајот на краиштата, не сакам да се преправам дека сум некој што не сум“, напишала Аурора.

https://www.instagram.com/p/CCySG0fo1-T/

Инаку, пред три години, мајката на Аурора, Мишел, започна да добива заканувачки писма во кои од неа бараат пари во биткоини и и’ се заканува дека ако не ја плати бараната сума – ќе истурат киселина на Аурора.

https://www.instagram.com/p/CD6NinsIRWa/

Мишел пријавила сè во полиција, која спроведе истрага и откриено е дека станува збор за меѓународна криминална организација која со години се занимава со уцени од ваков тип, но не биле фатени. Затоа Аурора добила приватни телохранители кои биле со неа со години се 24/7.

Преземено од Екран

Треба да знаете
Последни објави