Актерската двојка Кевин Бејкон и Кира Сеџвик се во брак 32 години, а нивната љубов не ја вознеми фактот што дознаа дека се братучеди.

Имено, по 25 години брак, тие откриле дека се далечни роднини, а до тоа откритие дошле случајно кога биле гости во емисијата „Finding Your Roots“, која се занимава со проучување на семејното стебло на познати личности.

Водителот на шоуто, Хенри Гејт Луис, покажа ДНК докази кои илустрираат дека Кира Сеџвик и седумгодини постариот Кевин Бејкон се братучеди во деветта генерација.

https://www.instagram.com/p/Bf0zm1DlLLG/

Двајцата се венчаа во 1988 година и имаат свои деца и важат за еден од најстабилните холивудски парови.

– Таа е љубовта на мојот живот, го знаев тоа веднаш. Но, кога дојде во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Сепак, љубовта се случи и нашите деца почнаа да се раѓаат, а конечно почнаа да следат и понуди за филмови – вака еднаш го опиша Кевин Киру, кога ја запозна сопругата за време на снимањето на филмот „Lemon Sky “.


По првиот шок, откако дознале дека не се само маж и жена, за нив двајца следело олеснување, бидејќи било откриено дека се деветто колено. Кевин и Кира се во брак од 1988. година и имаат две деца, синот Тревис (22) и ќерката Сосиа(19).