Search

Ова се луѓето и ДЕТАЛИТЕ од пукањето во Александар Палас

ВЕЧЕР ДОЗНАВА дека на полицијата и се познати имињата и деталите за ноќешното пукањето во хотелот Александар палас но, од непознати причини, досега тие не ги откриваат во јавноста.

Пукано е врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени. Напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.

Алсат пак, од свои извори, објавува дека трагите за напаѓачите водат кон Арачиново. Според нив во атар на с.Арачиново пронајдено е опожарено возило „Фолсваген Туарег“  во кое имало две автоматски пушки.  Истотака околу 08:30 часот е пријавено е дека на паркингот испред „Александар Палас“, било оштетено возило „Фиат“.

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас. Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Вечер повеќе пати пишуваше и најавуваше дека е можен судир помеѓу групите од Грчец и Арачиново за превласт на нарко пазарот и дека тоа ќе се случува затоа што полицијата не презема мерки кои биле договорени со американската агенција ДЕА за сузбивање на нарко пазарот во Македонија.

Целиот линк прочитајте го тука: https://vecer.mk/node/463179

Треба да знаете
Последни објави