Search

(Фото) Ова е ќерката на Ана Винтур: Апсолутна спротивност од нејзината мајка, но чувството за мода им е исто

Би Шефер се прослави по својот префинет вкус за мода, исто како и нејзината мајка

Би Шефер е ќерка на познатата уредничка на модниот магазин „Вог“, која не ја гледаме често во јавноста.

Иако ретко можеме да ја видиме во друштво на познатата Ана Винтур на модни настани, Би го наследила вкусот за мода и стил од нејзината мајка.

Шефер не е дел од јавниот живот, но во ретки прилики кога се појавува на некои настани покажува дека преферира класичен стил на облекување.

Таа е во брак со италијанскиот режисер Франческо Кароцини, а свадбената церемонија се одржа во Портофино, Италија, во јули 2018 година. Пред само две недели, парот го доби своето прво дете, момчето по име Оливер.

Многу фанови коментираа дека Ана и Шефер многу се личат, односно дека вкусот за мода и стил дополнително ги спојува и дека се многу препознатливи по тоа.

Треба да знаете
Последни објави