Search

(Фото) Ни срам ни перде да се има, сред бел ден се уринира на улица !

Дека општата култура не ни е силна страна може да се забележи насекаде околу нас и секој ден. Испадите кои ги прават нашите сограѓани катадневно во кој било облик од нашето живеење не се и некое изнеандување, како и ова кое го забележавме среде бел ден и тоа во популарното место за дружба на скопјани во „Дебар маало“ каде се и најпрестижните кафе-собиралишта.

Тука многумина доаѓаат да бидат видени. Па, најверојатно и нашиот сограѓанин од фотографијата за да биде попривлечен за околината одлучил со уринирање на среде улица да го сврти вниманието кон себе !

Тој решил физиолошката потреба наместо во некој од тоалетитие во големиот број на угостителски објекти во овој реон, да си ја задоволи среде улица. Си уринира, ни срам ни перде да се има !

Треба да знаете
Последни објави