Search

ФОТО: Младите од БЕСА сечеа лента со маски на функционери од ДУИ

Со маски на функционерите од ДУИ и сечејќи црвена лента, младинскиот форум на Движењето БЕСА се фотографираше упатувајќи порака дека илјадници пати функсионерите на ДУИ ветиле изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце, но до денес такво нешто не е реализирано.

„ДУИ е позната и како ‘субјект на црвена лента’, затоа што многу проектни ленти се исечени, но за жал не се завршени“, изјави денеска Семир Пајазити, член на младинскиот форум на Движењето БЕСА.

Тој додаде дека високите функционери на ДУИ честопати го посетувале ова место, лажејќи дека овој пат наскоро ќе биде во функција и ќе ги поврзе Република Северна Македонија и Република Косово.

 

„Нивните празни ветувања сега завршуваат, затоа што дури и нивните чести лаги се трошат. Ние сме тука иронично да ја пренесеме пораката за неуспесите на функционерите на ДУИ, да ги пресечеме лентите на нивните неуспеси и симболично да го отвориме овој пат кој сè уште не започна да се гради, со цел да се им овозможи на граѓаните слободно да се движат меѓу двете држави. Знаејќи дека конкуренцијата е голема за сечење на лентата, ги повикувам мирно да ја пресечат црвената лента и да го решат овој повеќегодишен проблем“, рече Пајазити.

Треба да знаете
Последни објави