Search

(Фото) Менкиноски и ги доставил амандманите на Дескоска во 20.19 часот

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со СДСМ во врска со Законот за јавно обвинителство, адвокат Тони Менкиноски, кој е претседател на правната комисија при партијата, ги испратил предлог амандманите до министерката за правда, Рената Дескоска во 20.19 минути, дознава Центар.мк.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вечерва во телевизискиот дуел со Зоран Заев на ТВ Канал 5 рече дека партијата поднела 65 амандмани на Законот и побара од премиерто да ги прифатат за да може да се донесе Законот и да не се попречуваат реформите во земјава.

Заев одговори дека до почетокот на емисијата и пристигнување во телевизијата околу 18.30 часот не бил информиран дека биле поднесени амандманите. Мицкоски реплицираше дека партијата ги доставила до архивите на Министерството за правда и до Канцеларијата н Европската комисија, но по паузата Заев изјави дека од Правда добил одговор дека амандманите не се примени.

Од фотографијата на преписката меѓу Менкиноски и Десковска  се гледа дека амандманите до министерката биле доставени во 20.19 часот.

Треба да знаете
Последни објави