Search

(Фото) МВР со детали за сообраќајката кај Собрание

На 10.09.2020 во 21.45 часот било пријавено дека на крстосница од улиците 11 Октомври, Даме Груев и Филип Втори Македонски се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“, управувано од М.М. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави