Search

(Фото) Малку скопјани дојдоа на протестот за спас на Универзална сала

На платото пред Универзална сала вечерва се одржа граѓански протест за спас на овој објект на солидарноста,  кој преку иницијативата Солидарни за срцето на Скопје се најавуваше последните денови.

Сепак, вечерва изостана масовноста на протестот, иако подршка за спас на Универзалната сала, за која неодамна беше најавено дека треба да се урива, дадоа голем број музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери и менаџери.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави