Search

(ФОТО) Луксузната свадба на Рамос – само за музиката платил еден милион евра

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се ожени викендов со Пилар Рубио. На луксузната свадба во Шпанија присуствувале 500 гости, а меѓу нив имало и познати ликови од светот на спортот и шоубизнисот.

Свадбата се одржала во Севиља, во најголемата готска катедрала во светот. На свадбата пеела славната фламенко изведувачка Нина Пастори, а по неа групата AC/DC, икони на рок музиката на кои наводно им било платено милион евра.

Меѓу гостите биле сегашни и некогашни колеги на Рамос, како Лука Модриќ со сопругата Вања, Матија Ковачиќ со сопругата Изабела и други. Најголемо внимание, сепак, привлекле Викторија и Дејвид Бекам.

Кристијано Роналдо не бил повикан поради лошите односи со Рамос откако замина во Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави