Search

(Фото) Ланската „Гранд“ победничка Џејла Рамовиќ е ангел, но нејзините две сестри се како самовили

Иако многумина очекуваа дека со полна пареа ќе и се посвети својата музичка кариера по победата во „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ се реши за поинаков пат.

Да потсетиме, таа се запиша на факултет и реши целосно да им се посвети на студиите, додека, како што истакна и самата, има време за музичка кариера. Бидејќи не се појавува во медиумите и не дава интервјуа, нејзините фанови се насочени исклучиво на информации од Инстаграм, на кој Џејла за жал, не е многу активна.

 

Токму поради тоа, во текот на денешниот ден, лавина од воодушевени коментари предизвика селфито споделено од Рамовиќ, во кое таа позира со своите два сестри: Шејла и Лејла.

„Блажена е мајката која ве родила“, „Три грации,“ „Не е реално колку сте убави и воспитани“, „Вистински пример за оваа денешна луда младина“… се само дел од  низата позитивни коментари покрај фотографијата.

За потсетување, Инстаграм неодамна се усвити поради шпекулациите за свршувачката на пејачката. Имено, младата „Гранд“ победничка позираше со куче в раце, но сите го забележаа прстенот што го носи  токму на прстот на кој обично се носи вереничкиот прстен.

 

Иако многумина се сомневаат дека станува збор за веридба, бргу стана повеќе од јасно  дека Рамовиќ веројатно носи прстен како моден детаљ и дека е само случајност што тој завршил токму на тој прст.

Треба да знаете
Последни објави