Search

(Фото) Ламбе Алабаковски го покажа синот Димитриј кој го доби во април – Погледнете како изгледа 

Некогашниот македонски пејач Ламбе Алабаковски заедно со своето семејство веќе неколку години живее надовор од Македонија односно во САД. Тој го замени микрофонот со работа како обезбедува на аеродром. Иако не е дел од јавната сцена, Ламбе е дел од социјалните мрежи.

И таму не е толку многу активен, но кога има нешто ново или радосни вести секогаш ги информира своите следбеници.

Така во месец април, Ламбе откри дека станал татко по вторпат, односно дека тој и неговата сопруга Магдалена добиле уште еден син, а Михаил доби братче. Парот за својот помал наследник го одбра името Димитриј.

Меѓутоа, сега пејачот за првпат го покажа својот помал наследник.

Имено, на „Инстаграм стори“ тој сподели фотографија како е на прошетка во Чикаго со двајцата наследници, поточно како Михаил го турка во детска количка своето помало браче и уживаат во заедничкото време.

На другата пак објава, Ламбе го покажа и лиценцето на својот помал наследник кој лежи во лулка, а до него е неговиот поголем брат.

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави