Search

ФОТО Заев на Фејсбук: Жените во Северна Македонија мора да се еднакви, сигурни и почитувани

Жените во Република Северна Македонија треба и мора да се почувствуваат еднакви, сигурни, почитувани, вклучени и целосно интегрирани во општество со нулта толеранција за било каков облик на насилство, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

-На презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените истакнав дека покрај досегашните напори на Владата, работиме на нови и јасни законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото. Наша заедничка обврска е тоа да го овозможиме. Да нема дилеми – жените се нашата сила за напред и наши еднакви партнери, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави