Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26 километри кое поминува низ Грделичка клисура од Коридорот 10.

Она што го привлекува вниманието на сите оние кои поминуваат низ овој пат е секако огромниот транспарент на кој пишува и на македонски и на српски јазик:

„Добро дојдовте, претседателе на Владата, господине Заев! – Добро дошли претседниче Владе, господин Заев!

Со ова соседна Србија му оддаде големо значење на вчерашното присуство на македонскиот премиер, Зоран Заев.

Тој вчера на свеченоста по повод пуштање на употреба јужниот крак од Коридорот 10, зборуваше за значењето на добрите односи меѓу двете земји.

„Намалувањето на физичката и временската дистанца е соодветно на доближувањето на соседите. Да расте нашето пријателство“, порача вчера Заев.

За спрскиот претседател пак присуството на Заев е од исклучително значење затоа што автопатите се практично мост кон пријателства и подобра економија.