Search

(Фото) Заева и Чифлиганец на одмор во Бали

Заева и Чифлиганец на одмор во Бали

Внуката од брат на премиерот Зоран Заев, преубавата Ева Заева и синот на бизнисменот Ванчо Чифлиганец Душко Чифлиганец негуваат животен стил на кој многумина можат да им завидат. Фотографии од нивните егзотични патувања ги преплавија социјалните мрежи.

Летово, ја избраа Индонезија, рајскиот остров на боговите, познат по кристално чистото море, белите песочни плажи, џунглите и високите вулкански планински масиви.

Ева веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, а во едно интервју изјави дека покрај модата, вториот сон и е поврзан со медицината. Душко Чифлиганец е дипломиран економист.

Треба да знаете
Последни објави