Search

(Фото) Еве како изгледа жената на која Бора Чорба и ја посвети  „Остани ѓубре до краја“

Билјана била една од  најубавите девојки во Белград  во седумдесеттите години. Русокосата убавица работела како модела и била една од најпопуларните девојки во земјата.

Популарноста и убавината ја довеле до една од најголемите sвезди во тогашно време, а штом ја запознал, Бора Чорба фатално се заљубил во неа.

Русокосата лесно го завела фронтменот на групата „Рибља чорба“, но брзо ја прекинала нивната врска затоа што, како што рекла таа, никогаш не можела целосно да му верува. По раскинувањето, таа започна врска со маж од Сараево и се преселила во Белград. Тоа е времето кога настанала култната песна „Остани ѓубре до краја“, која Билјана ја слушнала пред да биде објавена на албумот во 1979 година „Кост у грло“.

Една од најубавите девојки од Дедиње му го скршила срцето, а Бора и напишал три песни, од кои најпозната е „Остани  ѓубре до краја“. Кога се разделувале, тој и ги прочитал стиховите.

Денеска Билјана ужива во мирните пензионерски денови и во хармоничниот брак, но секогаш со симпатиите се сеќава на тие убави времиња, и додава дека кој ги знае текстовите на песните на Чорба, знае зошто е подобро да се биде јунакот од песната „Остани ѓубре до краја“ отколку на „Лутка са насловне стране“.

Треба да знаете
Последни објави