Search

(Фото) Две сестри и брат се фотографирале под дрво, па ги удрил гром

Две сестри и еден брат од Лондон преживеаја удар на гром под дрво на почетокот на неделата. Сепак, она што ја прави нивната приказна уште попосебна е тоа што тие успеаја да направат селфи во моментот кога ги погоди гром.

Изобел, Рејчел и Ендру Џобсон застанаа за Рејчел да оди во тоалет, а нејзината сестра и брат најдоа засолниште од силниот дожд под дрвото. Сестрите и братот уживаат да возат велосипеди на дожд, па решија да фатат сè со една фотографија.

Во тој момент удрил гром и ги срушил сите тројца на земја и ги повреди.

-Одеднаш бев на земја и не можев да слушнам ништо друго освен пиштење. Целата десна рака ми беше вкочанета и не можев да ја помрднам, изјави Рејчел за Би-Би-Си.

Тројцата биле пренесени во болница откако биле забележани од минувачи. Откако биле лекувани од изгорениците, братот и сестрите биле пуштени дома бидејќи никој од нив не бил сериозно повреден.

Треба да знаете
Последни објави