Search

(Фото) Двајца убиени во пресметка меѓу мигранти во БиХ

Две лица се убиени во судир меѓу мигранти во близина на Цазин во северозападна Босна, потврди вечерва локалната полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Мигрантите се судриле во близина на селото Штурлиќ во близина на границата со Хрватска, а еден локален жител ја известил полицијата за инцидентот.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Унско-санската жупанија, Але Шиљдедиќ, потврдил дека полициската патрола која била испратена на местото на настанот пронашла двајца мажи кои не покажувале знаци на живот.

„Имаа видливи повреди нанесени на телото со ладно оружје“, рекол Шиљдедиќ

Полицијата, исто така, потврдила дека се повредени голем број мигранти.

Министерот за внатрешни работи на округот, Нермин Кљајиќ, рекол дека во тој дел од БиХ имаат растечки проблеми со мигрантите кои масовно почнуваат да доаѓаат таму.

„Последниве денови се забележува дека голем број мигранти доаѓаат од Република Српска. Многу од нив се во шумите, а поставени се повеќе од 30 шатори. Има околу 500 мигранти само во областа на Трзац”, рекол тој, објави „Дневни аваз“.

Треба да знаете
Последни објави