Search

(Фото) Гвоздановиќ во Хрватска уловил сом тежок 103 килограми и долг 252 сантиметри

Гвоздановиќ во Хрватска уловил сом тежок 103 килограми и долг 252 сантиметри

Рибар од Нашице, Хрватска уловил сом тежок 103 килограми и долг 252 сантиметри. 24 годишниот Невен Гвоздановиќ ѕверот го извадил од водите на езерото Лаповац во близина на неговиот град и тоа е најголемата риба која е извадена од тие води.

Вели дека борбата со сомот траела 2 часа а му помагале татко му и други рибари.
„Во ова езеро луѓето доаѓаат за да се капат, а јас вадам ѕвер од 103 килограми. Ова е рекорд на нашето езеро. Ниту еден рибар не памети некој да извадил поголема риба“ – вели Невен.

Тој додава дека уловот обично го враќа во водата, но сомот ќе го задржи затоа што планот е неговата глава да биде препарирана и тој да стои како трофеј во неговото локално риболовно друштво.

Треба да знаете
Последни објави