Search

(Фото галерија) Ниту пет гола предност не беа доволни, Лазаров донесе победа во финишот

Македонија забележа победа од 26:25 (13:10) над Украина во првото коло од ЕП во Виена, откако по голема битка го скрши отпорот на аутсајдерот во групата. Капитенот Кире Лазаров беше човек на одлука постигнувајќи го победничкиот погодок, откако нашите ракометарите „прокоцкаа“ предност од пет гола во второто полувреме, но на крајот сепак успеаја да стигнат до посакуваната победа.

 

Последниот напад го имаше Македонија, Стоилов изнуди исклучување на осум секунди до крајот, Лазаров го зеде последниот шут и погоди, за водство од 26-25 и огромна радост на нашите ракометари и навивачи во Виена.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави