Search

(Фото галерија) Марко Блажевски е шампион за 2022 во Twingo Cup

Фото: Слободан Ѓуриќ

Третата сезона на единствениот тркачки куп во Македонија, Twingo Cup што се одржува во организација на АКК Рено Спорт Скопје и со огромна помош на Аутомотив Груп заврши со двоен триумф на Марко Блажевски кој успеа да ја освои титулата за 2022 година. Со двојниот триумф на патеката Серес во Грција, Марко Блажевски е новиот шампион во Twingo Cup откако во директен дуел триумфираше и го победи неговиот конкурент Давид Малинковски. Двајцата возачи влегоа во последната трка со ист број на бодови, по 115, и нивниот дуел го реши шампионот.

Блажевски е трет шампион во Twingo Cup откако тоа му успеа на Мартин Делев во 2019 и на Давид Малинковски лани. Марко кој се вклучи лани во втората половина од сезоната во Twingo Cup сега победи н апет од вкупно деветте трки што се возеа.

Од петтиот круг Блажевски и Малинковски имаа директен дуел на патеката. Блажевски стратуваше од пол позицијата, а Малинковски тргна како четвртопласиран, Во четвртио ткруг Тренески кој дотогаш беше второпласиран направи грешка по што Малинковски се искачи на второто место.

Од осмиот круг Малинковски покажа дека ќе се бори до последен круг, кога првпат успеа да го престигне Блажевски. Нивната игра на престигнување траеше во следните неколкуи кругови кога Малинковски направи мала грешка со која му овозможи на Блажевски пак да биде лидер.
До крајот на трката немаше веќе изненандувања, па Блажевски се израдува на својата прва титула.

Во генерален пласман Блажевски сезоната ја заврши со 135 бода, пред Малинковски кој собра 130. Зоран Мираковски кој на седум од деветте трки беше на подиум освои 100 бодови.

Треба да знаете
Последни објави