Search

(Фото) Возач повреден во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Во судир на две возила на регионален патен правец Мавови Анови- Дебар потешко повредено е едно лице. Сообраќајната несреќа била пријавена утрово околу 7.45 часот.

Според првичните информации, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса“ со гостиварски ознаки што го управувал Б.Ј. од Гостивар и пик-ап „фолксваген кеди” управуван од А.Л. (29) од долнореканското село Присојница.

Во сообраќајката е повреден Б. Ј. кој е пренесен во гостиварската општа болница.

Во тек е увид на местото на настанот што врши екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

Фото: МИА

Треба да знаете
Последни објави