Search

(Фото) Воената полиција го презеде обезбедувањето на Владата

Како што вчера најавија од Министерството за одбрана, припадниците на Воената полиција во активно се вклучуваат  во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје.

Обезбедувањето ќе се врши во комбинирани тимови со единиците на полицијата. Изминатите два дена, припадниците на Армијата од своите колеги од полицијата се запознаваа со овластувањата, процедурите и задолженијата за извршување на оваа задача.

Армиските припадници, обезбедувањето на објектите го вршат во армиска униформа, а на себе го имаат личното формациско вооружување. Обезбедувањето на овие објекти се прави во целосна координација со Министерството за внатрешни работи, а е врз основа на Уредбата на Владата за утврдување на задачи на Армијата во периодот додека трае вонредната состојба.

Фото:Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави