Search

Фото: Вечерва силниот ветер корнеше покриви од згради во Скопје

Вечерва силниот ветер корнеше покриви од згради во Скопје

Силниот ветер во Скопје направи хаос низ улиците и булеварите, а го блокираше и сообраќајот. На главниот скопски булевар, каде има најмногу сообраќај, Партизански одреди, паднати се кровови од згради, со што булеварот е целосно блокиран.

Ветерот доаѓа по најавата дека од денеска следува засилен ветар и дожд и намалување на температурата.

Управата за хидрометоролошки работи најави дека денеска и в петок се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд и силни ветрови, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Треба да знаете
Последни објави