Search

(Фото) Вака изгледа братот на Бред Пит

Запознајте го Даг Пит, братот на холивудскиот заводник – Бред Пит.

Даглас Мајкл Пит, кој е 3 години помлад од Бред, се занимава со продажба на недвижнини, инвестиции и хуманитарна работа. Тој е исто така амбасадор на УНИЦЕФ, како и основач на хуманитарната организација „Грижа за учење“, која им помага на децата. Неговата деловна кариера започнала со основање компјутерска агенција.

Браќата Пит пораснаа во Мисури, во малото гратче Сент Луис. Покрај нив двајца, родителите Џејн Ета и Вилијам Алвин, имаат и ќерка – Џули Нил, која исто така се занимава со хуманитарна работа.

Даглас, кој многу потсетува на неговиот постар брат, тргна по сосема поинаков пат од холивудската везда. Откако завршил средно училиште во Спрингфилд и Државниот универзитет во Мисури, тој основал компјутерска агенција која успешно работела со години.

Покрај неговиот неверојатен успех во деловната активност, Даглас успеа да стане и голем хуманитарец – тој е првиот амбасадор на „Добра волја“ награден од државата Танзанија за неговите хуманитарни дела на африканскиот континент. Неговата хуманитарна работа им помогна и на илјадници деца низ Америка.

Тој е во брак со Лиза веќе 24 години, со која ги има синот Лендон и ќерките Сиднеј и Реган. Тој исто така се занимава со возење велосипед и фотографија. Тој стана познат во јавноста по учеството во филмот наречен „Запознајте го Даг Пит, вториот најпознат Пит во семејството“.

Тој собра симпатии за неговата голема смисла за хумор и шарм, што ги покажа во ироничното видео за маркетинг. Инаку, Бред и Даг се појавија во јавноста за прв пат во 2004 година на премиерата на „Враќање во игра“.

Преземено од Фактор

Треба да знаете
Последни објави