Search

(ФОТО) „Вадиме тела на секоја минута“ – бројот на жртви во Индонезија порасна на 222

Бројот на жртви во цунамито што се случи вчера вечер во Индонезија порасна на 222, а бројот на повредени на 843. Си-ен-ен пренесува дека властите издале предупредување за нов бран и граѓаните се предупредени да се оддалечат од крајбрежните области.

Сопственикот на ресортот „Танјунг Лесунг“, каде цунамито покоси цел бенд додека имаше концерт, за Би-би-си изјавил дека од урнатините досега се извлечени најмалку 90 тела. „Секоја минута наоѓаме ново тело“, рекол тој.

Додал дека во хотелот имало најмалку 500 гости, од кои повеќето се сметаат за исчезнати.

Локалните медиуми објавија дека пред цунамито немало никакво предупредување.

Embedded video

Експертите анализираат дека цунамито било предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатоа, вулкански остров во Сундскиот теснец, меѓу островите Јава и Суматра.

Од Геолошката агенција на Индонезија соопштиле дека вулканот во петокот еруптирал и дека ерупцијата траела 1 минута и 12 секунди, исфрлајќи пепел во висина од 400 метри.

Во септември годинава повеќе од 2 000 луѓе загинаа по силниот земјотрес во близина на островот Сулавеси и цунами во градот Палу. Индонезија често ја погодуваат земјотреси имајќи предвид дека се наоѓа на Огнениот прстен, линија на чести потреси и вулкански ерупции која речиси во целост ја следи лнијата на брегот на Тихиот Океан.

Во 2004 година во цунами предизвикано од земјотрес загинаа 226 000 луѓе во 13 земји, вклучувајќи 120 000 во Индонезиј

Треба да знаете
Последни објави