Search

(Фото) Берлускони има девојка која е 53 години помлада од него

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) има нова девојка, која е дури 53 години помлада од него. Се работи за Марта Фашини, негова колешка од партијата Форца Италија.

Двајцата беа снимени како се држат раце, а тоа го објави таблоидот „Чи“.

Се шпекулира дека Силвио Берлускони намерно ја „објавил“ оваа фотографија пред јавноста, со цел, како што пишуваат италијанските медиуми, наводно да се одмазди на неговата поранешна партнерка Франческа Паскале (35).

Имено, Франческа е видена како ја бакнува пејачката Паола Турчи (55). Наводно, Берлускони тешко ги прифатил случувањата.

Силвио има богат љубовен живот. Тој беше во брак 24 години со актерката Вероника Ларио (64), а 20 години со Карла Елвира Лусија Дал Оља.

 

Треба да знаете
Последни објави