Search

(Фото) Адел објави снимка со новото момче

Адел ги потврди гласините дека е во врска со спортскиот агент Рич Пол, чиј клиент е славниот кошаркар Леброн Џејмс.

Пејачката на својот Инстаграм објави серија фотографии од венчавката на кошаркарот на НБА, Ентони Дејвис, што се одржа викендов, а на која што беше со Рич.

Таа само додаде емотикон со срце на објавата.

Бројни обожаватели испратија комплименти за изгледот на Адел.

„Убава“, „Најубава досега“, „Убава како и секогаш“, „Каква жена“, „Прекрасна двојка“, „Најубав пар“, напишаа тие, а објавата собра над три милиони лајкови.

Треба да знаете
Последни објави