Search

Фотопортрет на разголена Џенифер Анистон на аукција за добротворни цели

Холивудската актерка Џенифер Анистон повторно се враќа на еден од своите најсексапилни фотомоменти пред објективот на Марк Селиџер во проект за добротворни цели.

Ѕвездата од хит-серијата „Пријатели“ се здружи со познатиот фотограф за аукција на фотографија од 1995 година, на која таа позира гола. Целта на проектот е да се соберат пари за помош во битката против Ковид-19.

Црно-белиот портрет од 1995 година е една од највпечатливите фотографии на Анистон, на кој таа елегантно позира за да ги скрие своите интимни делови.

Нема сомнение дека фотопортретот е направен во 90-тите, а на него е и потписот на Џенифер – „фризура на Рејчел“. Придружното видео го покажува Селиџер како работи во темна просторија.

Анистон пишува за обидот за прибирање финансиски средства, а објавата носи наслов „Утринско шоу“: Мојот драг пријател Марк Селиџер соработува со „Радвокаси“ и „Кристи-Синк“ за аукција на 25 негови фотопортрети, вклучително и мојот, за помош во справувањето со Ковид-19.

Целиот приход од продажбата на овој портрет ќе оди за „Нафклиникс“, организација која обезбедува бесплатно тестирање на коронавирусот и нега на национално ниво, напиша Џенифер на својот „Инстаграм“.

На продажба се и портрети на sвездите Леонардо ди Каприо, Били Ајлиш, Д-р Дре и Снуп Дог

Треба да знаете
Последни објави