Search

Фотографот на Балашевиќ споделил досега невидени фотографии од панонскиот морнар

Петар Курсечнер долго низ годините му бил фотограф на Ѓорѓе Балашевиќ, а со неговите обожаватели во една Фејсбук група одлучил да сподели досега невидени фотографии од пејачот.

„Поздрав до сите! Ви испраќам неколу фотографии од концертот на Балашевиќ, на кој со години му бев официјален фотограф. Џоле беше еден многу драг човек, многу убави работи доживеав со него. И понатаму не можам да верувам дека веќе не е помеѓу нас… Се надевам дека ќе ви се допаднат фотографиите“, напишал Петар покрај објавата.

Овој потег ги воодушевил членовите на групата, а објавата ја ‘лајкнале’ повеќе од 1800 корисници.

„Прекрасно! Колку се развеселив. Гледам и не верувам колку луѓе имало на концертите. Никогаш нема да се роди нов Џоле“, напишала една обожавателка, а повеќето му се заблагодариле на фотографот Петар.

Погледнете во продолжение досега невидени фотографии од саканиот Балашевиќ.


Треба да знаете
Последни објави