Search

Фотографија од милион лајкови: Овие три момчиња се клонови на својот легендарен татко

Антонела Рокузо ги воодушевила обожавателите на својот сопруг Лионел Меси и илјадниците навивачи на Барселона со новата фотографија која ја објавила на социјална мрежа.

Рокузо објавила фантастична фотографија од своите тројца синови кои позираат во иста облека и неодоливо потсетуваат на својот татко Лео, а за помалку од десет часа по објавата, фотографијата ја лајкнале повеќе од еден милион луѓе.

Обожавателите на Лео Меси тврдат дека најмладиот Чиро најмногу потсетува на него.

Лео Меси и Антонела Рокузо го добија својот прв син Тиаго во 2012 година. Вториот син Матео е роден во 2015 година, а најмладиот Чиро се роди минатата година и наскоро ќе го прослави својот прв роденден.

Треба да знаете
Последни објави