Search

Фотографија која го обиколи светот! Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во најромантичниот италијански град

Ако некое место е право место за заљубен пар, особено за обновена љубов, тоа сигурно е Венеција!

Можеби за некого е кич, но сцената од Џенифер Лопез и Бен Афлек во гондола во Венеција, како пристигнуваат на Филмскиот фестивал – го обиколи светот.

Џенифер Лопез за оваа прилика облекла прекрасна женствена тоалета со чипка, интересни сандали и, како и обично, не ги тргнала очилата за сонце кои на нејзината појава само ѝ додале гламур.

Како ви се допаѓа ова нејзино издание?


Инаку, откако во мај ја обновија старата љубов, Бен и Џенифер се неразделни – своето слободно време го поминуваат заедно, сами или со децата.

Многумина се сомневаа дека нивната обновена романса ќе трае и чекаа парот да ја потврди врската на социјалните мрежи.

Кога го направија тоа, почнаа нагаѓања за веридбата и венчавката, бидејќи во нивната љубов повеќе никој не се сомнева.

И нејзиниот роденден во јули го прославиле со крстарење со јахта, а сè почесто се појавуваат и фотографии како парот страстно се бакнува во јавност.

Треба да знаете
Последни објави