Search

Фотографијата од џиновски „комарец“ ги вџаши твитерџиите во Аргентина

Корисникот на социјалните мрежи по име Езекиел Лобо ги вџаши своите претплатници на Твитер, поставувајќи фотографија од џиновски комарец снимен покрај нормален комарец за споредба, пренесува „Спутник“.

Огромниот инсект, кој не можел веднаш да се класифицира, наводно е пронајден во градот Кордоба во централна Аргентина.

„Погледнете ја големината на комарецот што тукушто влета низ мојот прозорец. Исплашен сум“, напиша Лобо.

Инсектот веднаш бил уништен од мајката на Лобо со помош на инсектицид. Тој побарал информации на интернет за инсектот, но не можел да најде ништо. Тој шпекулираше дека суштеството или е од Чернобил, озлогласен поради нуклеарната катастрофа, или од Џуманџи, измислен свет во џунгла полна со опасни sверови.

Многу од неговите претплатници беа шокирани од големината на инсектот, а некои посочуваат дека станува збор за мутант. Други истакнаа дека забележале слични инсекти, истакнувајќи дека инсектот всушност личи на Psorophora ciliata која обично се појавува по поплави и е главно безопасна.

Треба да знаете
Последни објави