Search

Форум: Креативните индустрии важни за развој на културата во земјава, но и за креативна економија

Креативните и културните индустрии придонесуваат за развој на локалните заедници, културата, промоција на земјата но и на креативната економија. Затоа е многу важно креативното претприемништво, чие унапредување во општеството може да се постигне токму преку едукација и вмрежување со луѓето од различни области. Ова беа заклучоците од денешниот прв Меѓународен форум за креативно културено претприемништво во Скопје.

Темата на форумот е „Креативните индустрии во време на ковид-19 и важноста на културното креативно претприемништво за земјите од Западен Балкан.”

Според Нада Пешева од Министерство за култура која беше учесник на форумот, развојот на креативните и културните индустрии веќе подолго време во многу земји се претставени во тесна гранка со економијата и локалниот развој. Како што посочи, креативните и културните индустрии во многу случаи придонесуваат за развој на локалните заедници, културата, промоција на земјата, развојот на културниот туризам, но и креативната економија.

Таа информира дека креативните и културните индустрии се опфатени во националната стратегија за развој на културата во периодот од 2018/2022 кое што Министерството за култура ги донесе во 2018 година.

-Во рамките на овој прогресивен документ развојот на креативните и културните индустрии се третира од повеќе аспекти. Прво, како главно стратегиски насоки во процесот на децентрализацијата, поточно создавање услови за локален развој на креативните индустрии како придонес кон економскиот развој на општините преку финансиска поддршка на соработка со локалниот деловен сектор, особено заради унапредување на културниот туризам, културните индустриски занаети како и независната културна сцена, рече Пешева.

Таа додаде дека креативните индустрии се третираат и како можност за рамномерен културен развој во делот на руралниот развој, преку мапирање, поттикнување и субвенциорање на потенцијални креативни индустрии во функција  на туристички развој. Појасни дека креативните индустрии се спомнуваат и се дел од авторските и сродните права, а во самата стратегија постои цело поглавје посветено на културните индустрии и културната економија.

Според Пешева, важно е создавање интегрирана стратегија за развој на културните и креативни индустрии на национално и локално ниво, градење на свеста за потенцијал на културните и креативните индустрии за општестевен економски развој, создавање поволни услови за развој и соработка на културните индиустрии преку соодветни секторки политики, вклучувајќи регионални и локални стратегии, локални планови за развој и наицонални стратеги.

Посочи дека развојот на креативна економија ќе се стварува преку целисходни остварувања на културните вредности за унапредување на економијата во општините и во државата во целина.

Маја Тасева од Агенцијата за претприемништво  на форумот посочи дека она што оваа Агенција го работи е вмрежување односно создавање конекции со луѓе од различни области на претприемништвото.

-Нашата Агенција е многу мала. Ние сме само девет вработени во Агенцијата но имаме голем потенцијал, кој лежи токму во поврзувањето. Поврзувањето на локално ниво со мрежа на регионалните ентитети кои се интересираат и  даваат поддршка на локалните актери, но и со институции, асоцијации и други државни институции кои ни даваат можност да проникнеме во многу делови од економијата.

Како што рече, интенцијата на Агенцијата е преку образовните услуги, преку работилници, семинарите да се даде поттик да почнат луѓето да размислуваат во различни сфери и да се користат оние системски решенија во Агенцијата кои можат да ги поддржат во нивниот бизнис, и да продолжат понатаму, да станат одржливи бизниси кои ќе додаваат вредност во нашата економија.

-Проектите на нас ни даваат можности прво да се дообразуваме и осознаеме кои се трендовите во општеството и тие да ги внесеме во нашата програма за да станат одржливи, да ги поврзуваме клиентите со меѓународниот пазар, и она од каде што потекнува се, а тоа е само соработката во која што влегуваат и младите луѓе, многу значајна таргетна група. Тука ја гледаме и местото и улогата на креативните индустрии, како и на потенцијалот на младите, додаде Тасева.

Форумот продлжува утре, а е во организација на Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ).

Треба да знаете
Последни објави