Search

Форумот „Појас и пат” во Пекинг ќе го следат 4.100 новинари, сниматели

Вториот форум „Појас и пат“, кој ќе се одржи од 25 до 27 април во Пекинг, ќе го следат 4.100 претставници на медиумите, меѓу кои и 1.600 од странство.

Медискиот центар во кој ќе бидат сместени новинарите и медиумските работници за време на самитот, започна со пробна работа во вторникот.

Центарот се наоѓа во Кинескиот национален конгресен центар и се простира на 2.200 квадратни метри.

Постојат две новинарски конференциски хали со 546 компјутери и 210 лаптопи, според агенцијата Ксинхуа.

Во него, новинарите ќе имаат можност да пробаат супербрз 5G интернет, а работното време на центарот ќе биде од 6 часот наутро до 22 часот.

Треба да знаете
Последни објави