Search

Фортнајт прекинат со катаклизма, гејмерите вовлечени во црна дупка

Десеттата сезона од натпреварувањето во видео играта Fortnite беше завршена со уништување на мапата на борилиштето и замената со црна дупка, пренесува BBC.

Околу 250 милиони регистрирани играчи на играта (така барем велат од Epic Games кој ја разви  Fortnite) веќе не можат да ја играат играта, односно можат да ја вклучат и да гледаат црнило.

Fortnite ги избриша сите свои објави од Твитер и во моментов емитува пренос на црната дупка. Форбс пишува дека Epic Games сакале да го пензионираат бојното поле каде се случуваа епските битки од 21 јули 2017 година до денеска на кои може да учествуваат до 100 играчи. Тоа се случи на 13 октомври. Настанот „”The End“ кулминираше со метеорски дожд кој очигледно го уништи целото бојно поле, односно картата. Играчите кои учествуваа во „The End” потоа беа вовлечени во процепот и исфрлени пред црн екран со црна дупка во средина.

Форбс пишува дека италијанската верзија на продавницата за апликации на Apple iOS во минатиот петок објавиле најава за Сезона 11 на Fortnite и во која може да се види дека старото бојно поле ќе биде заменето со ново, а на видеото може да се види и постер на кој пишувало “Chapter 2”.

Според USA Today, Sony објави дека сите средства што ги поседуваат играчите во рамките на играта се безбедни, потврдувајќи дека било планирано уништување на бојното поле, односно дека не се случило случајно.

Засега не е познато кога Fortnite ќе може повторно да се игра.

https://youtu.be/CUjgndfCLkM

Треба да знаете
Последни објави